Непроверени извештаи велат дека Аркос бил обезглавен. Полицијата не потврди никакви детали за неговата смрт, но снимката од местото на настанот во Чилпансинг објавена на социјалните мрежи покажува отсечена глава на градоначалникот ставена на покривот на џип

Градоначалникот на мексиканскиот град Чилпанцинго е убиен само неколку дена по преземањето на функцијата, пишува Скај њуз.
Алехандро Аркос минатиот понеделник положи заклетва како градоначалник на Чилпанцинго, главниот град на државата Гереро, каде што се наоѓа Акапулко.
Областа долго време е зафатена со насилство поради криминалните банди и дрогата.
Непроверени извештаи велат дека Аркос бил обезглавен. Полицијата не потврди никакви детали за неговата смрт, но снимката од местото на настанот во Чилпансинг објавена на социјалните мрежи покажува отсечена глава на градоначалникот ставена на покривот на џип.
Nacional | Despiden a alcalde de Chilpancingo asesinado y decapitado.
— 4C News (@4CNewsMx) October 8, 2024
Chilpancingueños acompañaron el Cortejo fúnebre del alcalde Alejandro Arcos Catalán, quién salió de la iglesia de la Santa Cruz hacia la catedral de la Asunción de María. pic.twitter.com/McjGhVonOk
„За неговата загуба жали целата заедница на Гереро. Ние сме исполнети со бес“,
рече гувернерката на Гереро, Евелин Салгадо.
Државното правобранителство соопшти дека го истражува убиството на градоначалникот. Последното насилство дојде само три дена откако беше убиен секретарот на новата градска влада, Франциско Тапија.
„Тие беа на функција помалку од една недела. Тие беа млади и чесни јавни службеници кои бараа напредок за својата заедница. Ја повикувам канцеларијата на јавниот обвинител да ги истражи убиствата“,
рече мексиканскиот сенатор и национален лидер на Институционалната револуционерна партија, Алехандро Морено.
Тој, исто така, ја повика канцеларијата на федералниот јавен обвинител да води истрага за убиствата со оглед на ситуација во Гереро.
Гереро стана една од најопасните држави во Мексико за амбициозни и избрани јавни функционери. Најмалку шест кандидати за јавна функција беа убиени во Гереро пред изборите на почетокот на јуни.
Минатата година официјални лица изјавија дека демонстрациите на стотици луѓе во Чилпансинг биле организирани од криминалци за да се обезбеди ослободување на двајца водачи на банди уапсени за поседување дрога и оружје. Демонстрантите два дена го блокираа најголемиот дел од сообраќајот на патот меѓу Мексико Сити и Акапулко.
Демонстрантите потоа се пресметаа со безбедносните сили пред да удрат со полициски камион во вратите на зградата на државниот парламент. Демонстрантите зеле како заложници голем број полицајци, државни и федерални функционери. Тие беа ослободени откако беа исполнети нивните барања, пишува Скај њуз.
