Агенцијата му наредила на јавното комунално претпријатие „Комуналец” во Гостивар да ги извести граѓаните за забраната и да обезбеди пивка вода за пиење
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот издала наредба за забрана за пиење на водата од градскиот водовод во Гостивар откако по направени лабораториски испитувања во неа било детектирано зголемено присуство на манган.

АХВ му наредила на јавното комунално претпријатие „Комуналец” во Гостивар да ги извести граѓаните за забраната и да обезбеди пивка вода за пиење.
„По издадените наредби од инспектор за храна на АХВ, ЈКП ‘Комуналец’, постапило веднаш. Во саботата, земени се четири мостри за бактериолошко и физичко-хемиско тестирање на водата од градскиот водовод, со акцент на присуство на манган, од различни локации, и од страна на инспекциските служби на АХВ и Институтот за јавно здравје Скопје и од Центар за јавно здравје Гостивар, чии резултати се уште не се добиени“,
велат од АХВ во писменото соопштение.
