ИДФ соопшти дека биле преземени бројни мерки за да се намали ризикот за цивилите пред „прецизниот“ напад

Израелската војска (ИДФ) денеска потврди дека извршила напади врз болницата Ал Акса во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, за кои тврди дека овие командни и контролни центри биле користени од Хамас за планирање напади против војската во Израел.
ИДФ соопшти дека биле преземени бројни мерки за да се намали ризикот за цивилите пред „прецизниот“ напад.
ИДФ рече дека ова е уште еден пример за, како што ја нарече, систематската злоупотреба на цивилната инфраструктура од страна на Хамас, кршејќи го меѓународното право.
Вчера армијата соопшти дека ги нападнала командните центри на Хамас кои биле лоцирани во поранешно училиште и поранешна џамија.
Израел денеска им оддава почит на жртвите од терористичкиот напад на исламистичкиот Хамас пред една година.
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе ги отвори комеморациите со семејствата во жалост на местото на музичкиот фестивал „Нова“, означувајќи го почетокот на тридневното меморијално патување до местата на масакрот.
Во терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, повеќе од 1 200 луѓе беа убиени во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.
