Зборувајќи на арапски и персиски јазик, Хамнеи повика на подготвеност на луѓето од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа. Тој ги пофали загинатите во битките и рече дека „отпорот нема да се повлече пред овие маченички смртни случаи, туку ќе победи“
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи вети дека Хезболах во Либан и Хамас во Газа ќе добијат нови лидери и дека нема да се повлечат по израелските напади во кои загинаа неколку високи функционери на групите.
Во реткото јавно обраќање за време на петочната молитва во Техеран пред десетици илјади луѓе, Хамнеи го бранеше неодамнешниот балистички ракетен напад врз Израел, за кој Иран рече дека е одмазда за смртта на Хасан Насрала, генералниот секретар на Хезболах, и Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас.
Тој нагласи дека „големата акција на нашите вооружени сили пред неколку дена беше целосно легална и легитимна“ и е во согласност со Куранот, иранскиот устав и меѓународното право. Според него, секој народ има право да ја брани својата територија и интереси од агресори.
Иран истрелал повеќе од 180 проектили кон Израел, од кои повеќето, според „Гардијан“, наводно биле пресретнати, а некои погодиле и воени бази, за што Израел најави одмазда.
Зборувајќи на арапски и персиски јазик, Хамнеи повика на подготвеност на луѓето од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа. Тој ги пофали загинатите во битките и рече дека „отпорот нема да се повлече пред овие маченички смртни случаи, туку ќе победи“. Тој повика и на муслиманско единство, нагласувајќи дека палестинскиот, либанскиот, ирачкиот, сирискиот и јеменскиот народ се соочуваат со заеднички непријател.
Иако Хамнеи апелираше за муслиманско единство, „Гардијан“ забележува дека тој не настојувал да гради мостови со умерените арапски лидери, туку го пофалил нападот на Хамас на 7 октомври минатата година во кој загинаа 1 200 луѓе, нарекувајќи го „легитимен чин“. Хамнеи, исто така, ги обвини странските сили и Израел за сите проблеми во регионот.
Иранскиот лидер зборуваше за подготовките за можен израелски напад или за тоа што планира Иран да направи како одговор. Тој заврши со порака дека треба да се однесува „логично и правилно“, без брзање и одлагање.
Тој, исто така, истакна дека муслиманските нации се свесни за заедничката закана од Израел и дека смртта на многу лидери не ја спречи револуцијата.