На утрешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, Алијанса за Албанците ќе настапи со став дека избори треба да се одржат кон крајот на јули или почетокот на август, најави генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари во гостувањето на ТВ 24.
Тој вели дека не е коректен предлогот на СДСМ да има избори на 14 јуни бидејќи границите на ЕУ треба да се отворат на 15 јуни, па нема да биде коректно кон граѓаните кои работат во странство и нема да може да дојдат да гласаат. Таравари смета дека и наесен не е добар период за избори.
„Мислам дека оваа година одмори нема да има, ретко некој ќе смее или ќе може да оди надвор од државата. Мислам дека и туристичките места ќе бидат ограничени со броеви, така што ова лето ќе го поминеме внатре во државата. Кога сте каде било во државата можете за еден ден да дојдете и да гласате“,
вели Таравари.
Тој вели дека за нив не е проблем да одат на избори и за 10 дена, но поради коронавирусот сметаат дека избори и кампања треба да има во периодот кога има највисоки температури – крај на јули, почеток на август.
Претходно, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски го повтори ставот дека социјалдемократите се за избори кон средината на јуни за да се искористи првата шанса поради опасноста од втор пик на вирусот наесен.
*Поврзани вести: