Путин не е единствениот кој неодамна се спротивстави на електронските цигари. Во Обединетото Кралство, новата лабуристичка влада, исто така, најави дека ќе ги разгледа предлозите за ограничување на продажбата и снабдувањето со електронски цигари за еднократна употреба
Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди студентите за опасностите од електронските цигари, наведувајќи дека тие му штетат на репродуктивното здравје и може да доведат до неплодност.
„Потребно е да се разбере до што водат лошите навики. Многу луѓе, особено младите, не размислуваат за тоа. Се чини дека е модерно, дека е кул да се консумираат електронски цигари“,
им рекол Путин на учениците во училиштето во Кизил, град недалеку од руската граница со Монголија.
Кизил е главен град на јужносибирската Република Тува.
„Кај младите репродуктивната функција е намалена и кај момчињата и кај девојчињата, односно се намалува можноста за раѓање деца во иднина“,
се обидел да им објасни Путин на насобраните студенти, пренесува Политико.
Рускиот лидер зборувал и за мотоциклите, опишувајќи ги како „нестабилно“ превозно средство.
„Заштедете за автомобил, подобро е за мама и тато“,
му рекол тој на еден ученик.
Путин го дал гореспоменатиот совет како дел од лекцијата наречена „Разговор за важни работи“.
Путин не е единствениот кој неодамна се спротивстави на електронските цигари. Во Обединетото Кралство, новата лабуристичка влада, исто така, најави дека ќе ги разгледа предлозите за ограничување на продажбата и снабдувањето со електронски цигари за еднократна употреба. Плановите се очекува да бидат ставени на маса откако британските пратеници ќе се вратат од летниот распуст.