Од следниот понеделник, 18 мај, најавено е дополнително олеснување на мерките – тогаш би се овозможило организирање на културни настани и манифестации во затворено и на отворено, одржување тренинзи и се отвораат фитнес-центрите и базените
Хрватска влезе во третата фаза од олабавување на епидемиолошките мерки – школите за дел од учениците ги отворија вратите, а по речиси два месеци пауза започнуваат да работат трговските центри, кафетериите и рестораните, но со строги препораки со кои детално се уредува начинот на нивната работа.
Олабавувањето на рестрикциите не се однесуваат на островот Брач, на пример каде е вратен построг режим откако токму ова место стана ново жариште на епидемијата.
Со владиниот план за покренување на стопанските и другите активности предвидено е во третата фаза да да овозмоѓи работа на претшколските устаноиви и одделенската настава од 1 до 4 одделение во основните школи, како и работата со децата со потешкотии во наставата кои работат со помош.
Поголем дел од децата и натаму ќе учат од дома
На првиот работен ден во хрватските училишта се појавиле помалку од два проценти од учениците, се наведува во анализата на Хрватскиот сојуз на наставници, односно само 1,77 проценти од учениците.
Најмногу ученици има во училиштата на Задарската жупанија – 3,90 проценти, или 262 ученици од вкупно 6 714, а најмалку во Истарската жупанија каде што не се појавил ниту еден од 7 643 ученици.
Синдикатот на хрватските наставници смета дека ресорното Министерство води кампања – „Не ги праќајте децата на училиште“, во која, како што велат, била вклучена и министерката Блаженка Дивјак, јави телевизијата Н1.

Со одлука на Владата со која се уредуваат условите за почеток на нормализација на наставата се предвидува најголем дел од учениците и студентите да учат од дома.
Односно, наставата за учениците од 1 до 4 одделение ќе се одвива според мешовит модел, а студентите и натаму ќе учат на далечина, но тие би можеле да учествуваат во вежбите во помали групи кои не би се поклопувале.
За државната матура се предлага полагањето на испитите А и Б да бидат одводени, за да се намали бројот на ученици кои би биле присутни во установите.
Се нормализира меѓуградскиот сообраќај
Во третата фаза од олабавување на мерките, хрватскиот национален штаб за цивилна заштита одобри собирања до 40 луѓе наместо досегашните групирања од најмногу пет лица, како и отворање на трговските центри, угостителските објекти, националните паркови и одржување на проби на културните работници но во помали групи.
Се воспоставува меѓуградскиот патен, железнички и домашен авио сообраќај на патници, и се отвораат автобуските и железнички станици за меѓуградски сообраќај.
На патниците им е препорачано да одржуваат растојание, користење на заштитни маски и дезинфекција на рацете при влез во воз.

Исто така е донесена и одлука, хрватските државјани да можат да одат во странство, а на странските државјани им се дозволува влез во Хрватска од економски интерес или од неодложни лични причини.
За премин на границата ќе биде потребно да се придржуваат до препораките, но се укинува самоизолацијата по враќање во земјата. Но оваа одлука се однесува само на државјаните на земјите од ЕУ, бидејќи препораките од ЕУ забрануваат влез од трети земји на територијата на Унијата до 15 јуни.
Во трговските центри ограничен број посетители
Во упатствата за спречување на инфекција во трговските центри се препорачува на површина од 100 квадратни метри да нема повеќе од 15 посетители.

Со тоа се препорачува и носење маски, а на влезот во трговските центри на купувачите треба да им се обезбеди средство за дезинфекција.
Од ходниците на трговските центри треба да се отстранат столиците, клупите и слично, и тие да служат само за проминување без непотребно задржување.
Се препорачува засилено чистење и дезинфекција на внатрешноста.
Во продавниците з атекстил се прерачува продажба без пробување на облеката, а ако тоа е неопходно тогаш стоката која нема д абиде купено треба да се тргне до продавницата во следните три дена пред повторно д абиде вратена во продажба.
Нема задржување на шанковите, задолжителна оддалеченост на масите
И угостителските објекти можат да почнат со работа, и тие со тераси и оние без, и тоа од 6 до 23 часот, при што масите мора да бидат оддалечени 1,5 метри и мора да се придржуваат до мерките за заштита на посетителите и вработените и да се одржуваат највисоки хигиенски стандарди.
Се препорачува и ограничување на бројот на посетители, со тоа што би се регулирал влезот.
На шанковите ќе може да се порача и да се земе храна или пијалок, но без задржувања, а можно е и послужување на гостите кои би стоеле, но само ако држат физичко растојание, без високи столици и со конзумирање од рака.
Се забранува послужување на апетисани во чинии на масите, додека садовите за зачини секогаш ќе бидат нови, измиени и дезинфицирани.
Погребите и венчавките само во најтесен круг
Заводот за јавно здравје минатата недела донесе нови препораки за погребите и венчавките, за отворање на детските игралишта и за рекреативното спортување.
На располагање на граѓаните и на децата повторно им се детските игралишта и отворените простори за рекреација, но со одржување на фисичко растојание од 1,5 метри, но ова не се однесува на децата.

Сепак, се препорачува на децата да им се укаже дека треба да избегнуваат групирање на едно место и да одржуваат растојание колку што е можно.
Од следниот понеделник, 18 мај, најавено е дополнително олеснување на мерките. Според најавите, тогаш би се овозможило организирање на културни настани и манифестации во затворено и на отворено, одржување тренинзи и се отвораат фитнес-центрите и базените.
*Поврзани вести
Грција ги отвори продавниците, на работа се враќаат и 70 отсто од административците
Ковид-19 во Србија: Се отвораат градинките, шалтерите во МВР и судовите
Европа полека се отвора: Франција почна со настава, во Белгија кафулињата почнуваат со работа