Бројот на заболени во светот со ковид-19 надмина 4 милиони и, според податоците на интернет-страницата „Ворлдометерс“, тој изнесува 4 197 152 лица.
Од нив, 284 096 луѓе досега починаа, а 1 500 440 ја добиле битката со новиот вирус.
Според тоа, во моментов има 2 412 616 активни случаи на ковид-19, од кои 98 отсто – или 2 365 577 се со лесни симптоми, додека во тешка состојба се 47 039 заболени.
САД со 1 367 963 заболени и 80 787 смртни случаи и натаму ја предводат листата на „Ворлдометерс“. За 24 часа пријавени се нови 325 заболени.
Следува Шпанија со 264 663 заболени и 26 621 смртни случаи.
На трето место се најде Русија која ја надмина Италија по бројот на заразени со коронавирусот – 221 344, од кои 11 656 се нови случаи. Досега во оваа земја починаа 2 009 како последица на ководи-19, од кои 94 во изминатите 24 часа.
Во Велика Британија има 219 070 заболени и 31 855 починати лица.
Следува Италија со 219 070 заболени и 30 560 починати.
Франција која од денеска применува полиберални мерки има 176 970 случаи на заразени со коронавирус и 26 380 починати.
Германија е следна со 171 879 заразени и 7 569 починати лица.

Европа од континентите е на прво место со 1 641 362 заболени и 152 927 смртни случаи. Следува Азија со 671 987 заболени и 22 238 починати.
Во Азија прва е Турција со 138 657 заболени и 3 786 починати, потоа Иран со 107 603 заболени и 6 640 починати.
Кина е трета со 82 918 заболени и 4 633 починати. Во оваа земја, која е епицентар на новата зараза, по подолго време има 17 нови случаи на заразени.
Јужна Америка пријавила 310 189 заболени и 16 388 починати од кои најмногу во Бразил – 162 699 заболени и 11 123 починати лица и Перу со 67 307 и 1 889 починати.
Африка има 65 226 регистрирани заболени лица, од кои нови се 475 и 2 301 починати.
Австралија останува со најниска бројка на заболени – 8 549, кои 10 во изминатите 24 часа и 118 починати лица досега од ковид-19.