Последната изјава на Ердоган, Израелците ја протолкуваа како закана од инвазија. Односите меѓу Ерусалим и Анкара се затегнати откако започна војната меѓу Израелците и Хамас во октомври минатата година
Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција може да влезе во Израел како што еднаш влезе во Либија и Нагорно Карабах, му одговори израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.
„Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши тоа“,
напиша Кац на социјалната мрежа Икс.
ארדואן הולך בדרכו של סדאם חוסיין ומאיים לתקוף את ישראל. רק שיזכור מה קרה שם ואיך זה הסתיים.@RTErdogan pic.twitter.com/6GykLtLoh4
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) July 28, 2024
За потсетување, Хусеин беше претседател на Ирак од 1979 до 2003 година. Тој беше соборен од западната коалиција предводена од САД. Американците го уапсија, а во 2006 година беше осуден на смрт за злосторства врз Курдите и шиитите. Казната беше извршена со бесење.
Последната изјава на Ердоган, Израелците ја протолкуваа како закана од инвазија. Односите меѓу Ерусалим и Анкара се затегнати откако започна војната меѓу Израелците и Хамас во октомври минатата година.
За разлика од нејзините западни сојузници и некои арапски земји, Турција не го смета Хамас за терористичка организација. Ердоган во повеќе наврати ги обвинуваше и напаѓаше Израелците. Така, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „касапот на Газа“ и „воен злосторник“.