Со денешниот настап, Ѓуретановиќ го заврши олимпиското учество во Париз. Остануваат уште петмина наши претставници со надеж за медал
Младиот 16-годишен пливач и македонски претставник на Олимписките игри во Париз имаше слабо издание на трката на 400 метри слободно пливање.
Првиот претставник на македонската делегација пливањето го заврши со време од 4:05:38 минути, што беше доволно за последното место во првата група во квалификациите.
Македонскиот пливач исплива три секунди послабо од неговото пријавено време за игрите во Париз.
Со денешниот настап, Ѓуретановиќ го заврши олимпиското учество во Париз. Остануваат уште петмина наши претставници со надеж за медал.