Минималната температура ќе се движи од 9 до 20, а максималната од 30 до 38 Целзиусови степени . УВ-индексот ќе изнесува 9
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 20, а максималната од 30 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти на 17, а максималната ќе достигне 37 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи и во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата.
Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер.