Денеска двајцата министри на граничниот премин „Табановце“ ја промовираа и кампањата „Вози одморен“, како превентивна активност насочена кон граѓаните кога патуваат на годишен одмор, кога од српската границата до границата со Грција енормно се зголемува бројот на возила што минуваат преку овој коридор
Унапредување на полициската соработка меѓу С Македонија и Србија, но и решавање на проблемот со гужвите на граничните премини во летниот период меѓу двете земји се дел од разговорите кои ќе ги имаат министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ.

Денеска двајцата министри на граничниот премин „Табановце“ ја промовираа и кампањата „Вози одморен“, како превентивна активност насочена кон граѓаните кога патуваат на годишен одмор, кога од српската границата до границата со Грција енормно се зголемува бројот на возила што минуваат преку овој коридор.
Министерот Тошковски му се заблагодари на својот колега Дачиќ во помошта што Србија ја испрати при гаснењето на пожарите.
„Денеска сме овде како дел од билатералната дводневна посета на Србија, кај министерот Ивица Дачиќ. Ќе разговараме за теми што се значајни за двете земји. Присутни сме на границата да дадеме поддршка во насока на превентивната акција која ја сприведуваме и во Македонија и во Србија. Сметаме дека е значајно да се фокусираме во превенција на несаканите настани кои настануваат од премореност на возачите. На лето имаме зголемена фрекфенција на возила. Целта е да се намали бројот на жртви во сообраќајнитее несреќи“,
рече Тошковски.
Министерот за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, го изрази своето задоволство од оваа заедничка акција, потенцирајќи го фактот што во текот летната сезона се случуваат голем број сообраќајни несреќи со смртни последици, како и дека податоците покажуваат дека на патиштата во Србија во овој период речиси секој ден по две лица го губат животот во просек.
„За нас е многу важно да го спасиме секој човечки живот, особено животот на децата. Важно е возачите да возат одморени“,
вели Дачиќ.

Дел од разговорите меѓу двајцата министри ќе биде и граничниот премин Миратовац-Лојане, во насока дали би можело да профункционира, со оглед на тоа дека е обезбеден деноноќно од страна на војската.