Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово – 4, Прилеп – 4, Тетово – 12, Велес – 6, Гостивар – 1, Пехчево – 1 и Берово – 1, соопшти Министерството за здравство.
Во истиот период Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти: во Скопје 6, Куманово 2 и по еден во Прилеп, Тетово, Македонски Брод, Пехчево и Виница.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58-годишна возраст, хоспитализиран на пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 622, бројката на оздравени пациенти е 1 112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419. Досега во земјава се направени вкупно 18 821 тестирања на ковид-19.