„Оваа партија со стил на владеење типичен за африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Мала група функционери се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби“, реагираат од коалицијата
Октоподот на криминалот и корупцијата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзните сателити коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот. Тие немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон. Ова е денешната реакција од коалицијата „Вреди“, посочувајќи дека откако си ги наполнија џебовите, на опозициската ДУИ ѝ е полна устата со лажен патриотизам.

Оттаму велат дека ДУИ е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и граѓаните, особено Албанците.
„Оваа партија со стил на владеење типичен за африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Мала група функционери се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби“,
велат од „Вреди“.
Како што информираат од коалицијата, нема да дозволат ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Нема да премолчуваат дека откако си ги наполнија џебовите, на ДУИ во опозиција ѝ е полна устата со лажен патриотизам.
„Рамиз Мерко познат како ‘локален шериф‘ на Струга во четирите градоначалнички мандати создаде сопствена империја, заради што американскиот Стејт департмент го стави на ‘црната листа’ за корупција. Назим Буши, заменик-министер во МВР, заедно со неговиот син, се одмораше во суперлуксузните хотели во Турција каде едно ноќевање чине 20 000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети ја купи ‘Соравија’ за 20 милиони евра, а потоа беше овековечен како слави со огномет. Барлет Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието, Талат Џафери, привлече внимание кога ДКСК објави дека тој го положил правосудниот испит пред да дипломира, а потоа стана обвинител. Да не зборуваме за матните зделки со лотаријата и коцкањето во режија на Прпарим Бајрами и Артан Груби кои коцкањето го донесоа во домовите на граѓаните“,
се вели во рекацијата од „Вреди“.
Оттаму очекуваат органите на прогонот да реагираат, со што граѓаните би ја вратиле довербата во владеењето на правото и еднаквоста пред законите, без разлика на политичката, етничката или верската припадност.