Бројот на оние кои досега заболеа од ковид-19 е 3 976 655, од кои 273 932 починале, а 1 372 049 ја добиле битката со новиот вирус, покажуваат податоците на сајтот Ворлдометерс, кои се базираат на СЗО.
Во моментов активни се 2 330 674 случаи, а од нив 2 282 085 (или 98%) се со лесни симптоми, додека 48 589 се во тешка состојба.
Најмногу заболени има во САД – 1 304 142 од кои 11 519 се новодијагностицирани, 77 663 досега починале, од нив 735 во последните 24 часа.
Следува Шпанија каде вчера е продолжена вонредната состојба за уште две недели, со 260 117 заболени, од кои 3 262 се нови случаи и 26 299 се смртни случаи од кои 229 во изминатите 24 часа.
Италија има вкупно 217 185 случаи со ковид-19, од кои за 24 часа има 1 327 нови. Досега 30 201 лица починаа од кои во изминатото деноноќие 243 лица.

Велика Британија има 211 364 заболени од кои во изминатите 24 часа има 4 649 нови, додека досега починаа 31 241 лица или 626 нови. Русија се искачи на петтото место по бројот на заболени со ковид-19 со 187 859 лица од кои 10 699 се нови. Во оваа земја досега се регистрирани 1 723 смртни случаи од кои нови се 98.
Следуваат Франција со 174 791 заболени и 25 987 починати и Германија со 169 430 заболени и 7 392, Бразил со 140 023 заболени и 9 600 починати, Турција со 135 569 заболени и 3 689 починати и Иран со 104 691 заболен и 6 541 починати.

Од континентите, во Европа има најмногу заболени со ковид-19- 1 578 781 и 150 137 починати.
Потоа следува Азија со 634 618 заболени и 21 488 починати, Јужна Америка со 273 508 заболени и 14 018 починати, и Афика со 56 477 заболени и 2 115 починати.
Австралија и Океанија се со најмал број заболени – 8 508 и 118 починати лица.