Случајот „Рекет“ е во самата завршница, судијката Васка Николовска-Масевска за 19 мај закажа рочиште за заврши зборови. Ако обвинителката Вилма Русковска, обвинетите и адвокатите не успеат да завршат со изнесување на завршните зборови, ќе се продолжи и наредниот ден, 20 мај.
По ова ќе остане да се закаже уште рочиште за изрекување пресуда.
Датумот за завршни зборови беше даден откако обвинетата Катица Јанева денеска ја даде својата одбрана.
Последниот дел од денешното рочиште беше затворен за јавност бидејќи беа поставувани прашања за предистраги и истраги отворени од СЈО.
Потоа следуваа уште неколку вкрстени прашања од Вилма Русковска.
Таа ја праша обвинителката дали е точно дека никој од функционерите обвинети од СЈО сѐ уште не се наоѓа во затвор, со оглед на тоа што Јанева во еден дел рече „ако целта е јас да бидам обвинета, која во четири години ги обвини сите функционери што требаше, стојам на располагање“.
Јанева кратко ѝ одговори со „не“.
Русковска праша и за гарнитурата, дали е точно дека не е приложена никаква каса исплати затоа што гарнитурата не е платена, но и на ова Јанева одговори со „не“.
Нејзините адвокати, Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска, во изјава за медиумите рекоа дека се задоволни од исказот, дека Јанева ја кажала вистината и оти нема докази дека нивната клиентка ја злоупотребила положбата и зела пари.
*Поврзани вести:
Јанева: СЈО не пишуваше паушални обвиненија, работеше по словото на законот
Јанева: „Империја“ беше пред обвинение, каде се сега и тој и другите предмети?
Јанева: Боки не ми влијаел за предметите, разговаравме за мода и килажа
Русковска: Факт е дека Јанева примила 50 000 евра, не е битно дали потекнуваат од Камчеви
Боки за политичкиот ангажман: Ќе го надминам Јосип Броз Тито
Каде завршил „Луј витонот“ – за Боки се вратил кај Камчев, за Русковска во куќата на Јовановски