„Имаме договор со идниот премиер, мандарот Христијан Мицкоски дека ‘Вреди‘ ќе има прв вицепремиер, како и вицепремир за добро владеење. Точно е дека ова, како и многу други работи, од страна на ДУИ не било регулирано до крај. Во Законот за влада ова не стои, но во Деловникот тоа е регулирано. Врз основа на деловникот и врз основа на договорот во идната влада, јас ќе бидам прв вицепремир“, рече лидерот на Демократско движење, дел од коалицијата „Вреди“
Нема да играм фудбал со министрите во владиниот кабинет. Нема да излегувам со куфер пред јавните институции и нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и „Соравија“.

Ова денеска на промотивната конференција која ја организираше коалицијата „Вреди“, на еден ден пред да се одржи седницата за избор на нова влада, на која беа соопштени програмските столбови и новиот владин тим од редовите на оваа коалиција, го изјави Изет Меџити, лидер на Демократското движење, но и иден, како што посочи, прв вицепремиер и министер за животна средина.
Кажувајќи што нема да прави како функционер во новата влада, Меџити посочи дека многу од политичките ривали ќе се занимаваат со тоа што тој ќе прави како министер, но рече дека ќе им порача дека ќе го штити дадениот збор и до крај ќе се бори да го исполни до крај.
Во таа насока, нагласи дека нема да го прави она што го правел политичкиот ривал, како играње фудбал во владин кабинет, но и, како што додаде, дека нема да се занимава со бизнисите на Лотарија и „Соравија“.
„Со 80 гласа беше изгласана реформата на органите на државната управа. Гласаа и парламентарното мнозинство и опозицијата, а одговорноста за оваа промена ја носиме сите ние. Во наредниот период ќе има голема реформација и трансформација на министерствата. Но, додека формата ќе се менува, содржината – односно основните концепти – ќе остане иста: правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат со Уставот и Охридскиот договор“,
рече Меџити.

Според него, балансерот со кој, како што рече, многу Македонци станале Албанци за да се вработат, најави дека ќе се замени со Законот за правична застапеност. Тоа значи дека балансерот нема да се укине, туку како што рече Меџити, ќе се уреди со закон и преетставува законска обрска.
„Тоа ќе биде направено за правичната застапеност да стане законска обврска, а не да остане механизам за политичко пазарење како што беше досега. Овде сакам да разјаснам, и внимателно слушнете ме: ниту еден Иван, посебно не Иван Стоиљковиќ, никогаш нема може да ги промени фактите“,
вели тој.
Посочи дека и покрај обвинувањата дека немаат легитимитет, „Вреди“, како што рече е победник на изборите во албанскиот политики блок, како и дека тие се новиот политички фактор кој ги претставува Албанците со легитимитет, достоинство и одговорност.
„‘Вреди‘ е новата политичка структура која биде носител на успешната институционална транзиција и ќе го направи секој Албанец горд да се идентификува со нас“,
рече Меџити.
Одговарајќи на новинарско прашање, за функцијата која треба да ја презеде, како дека утре на седницата на парламентот на која ќе се бира владата, Меџити рече дека очекува демократска, аргументирана и позитивна дебата.
„Имаме договор со идниот премиер, мандарот Христијан Мицкоски дека ‘Вреди‘ ќе има прв вицепремиер, како и вицепремир за добро владеење. Точно е дека ова, како и многу други работи, од страна на ДУИ не било регулирано до крај. Во Законот за влада ова не стои, но во Деловникот тоа е регулирано. Врз основа на деловникот и врз основа на договорот во идната влада јас ќе бидам прв вицепремир“,
изјави тој.
„Вреди“ во новата извршна власт ќе има двајца вицепремиери и пет министри. Покрај Арбен Таравари, кој ќе биде министер за здравство, и Изет Меџити кој ќе биде прв вицепремиер и ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, Фатмир Лимани ќе биде министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања, а вицепремиер и министер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи.