Според досегашната истрага, до експлозијата дошло поради активирање на засега непозната експлозивна направа, која се наоѓала во автомобил на чешки државјанин. На самото место починало деветгодишното дете, а две жени на возраст од 49 и 34 години и маж на возраст од 39 години, сите чешки државјани, се пренесени во Општата болница во Задар
Деветгодишно дете загина, а две жени и еден маж, сите чешки државјани, се повредени во експлозија што вчера попладне околу 18:00 часот се случила во областа Обровац во Задарската Жупанија во Хрватска.

Според досегашната истрага, како што пренесува ХРТ, до експлозијата дошло поради активирање на засега непозната експлозивна направа, која се наоѓала во автомобил на чешки државјанин.
„Според досега спроведената криминалистичка истрага, постои сомневање дека експлозијата настанала како резултат на активирање на засега непозната експлозивна направа која претходно била лоцирана во автомобил со чешки регистарски таблички сопственост на чешки државјанин, кој запрел поради дефект на просторот за одмор покрај жупанискиот пат ЖЦ-6025, на подрачјето на Билишана. Се утврдуваат околностите под кои е пронајдена експлозивната направа во возилото“,
соопштија од полициската управа Задар, пренесе ХРТ.
Од експлозијата на самото место починало дете родено 2015 година, а две жени на возраст од 49 и 34 години и маж на возраст од 39 години, сите чешки државјани, се пренесени во Општата болница во Задар .
Жените се задржани на понатамошно лекување, а мажот по укажаната помош е отпуштен на домашно лекување.
На местото на несреќата е извршен увид, а по наредба на обвинител телото на детето е дадено на обдукција.