Долниот дом на полскиот парламент денеска го усвои предлог-законот со кој се дозволува претседателските избори в недела да се одржат преку пошта.
Долниот дом го донесе законот со 236 гласа „за“, 213 „против“ и со 11 „воздржани“. За мерката да може да стапи во сила, сепак, треба да ја потпише и претседателот на државата.
Критичарите стравуваат дека набрзина подготвеното дописно гласање, овозможено со донесениот закон, може да резултира во избори што нема да се фер и демократски, пишуваат британските медиуми.