Одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели ја поддржаа 84 пратеници, а за утврдување на одлуката за основање постојани работни тела гласаа 91 пратеник
Со мнозинство гласови, Собранието денеска ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање постојани работни тела во парламентот. Одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието ја поддржаа 84 пратеници. Собранието на Република Северна Македонија има пет потпретседатели.

За утврдување на одлуката за основање на постојани работни тела гласаа 91 пратеник.
Пратениците гласаа за формирање на Комисијата за уставни прашања; Законодавно-правната комисија; Комисијата одбрана и безбедност; Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците; Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија; Комисијата за европски прашања; Комисијата за прашања на изборите и именувањата; Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот; Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање; Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите; Комисијата за финансирање и буџет; Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика; Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство; Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање; Комисијата за образование, наука и спорт; Комисијата за култура и туризам; Комисијата за здравство; Комисијата за социјална политика, демографија и млади; Комисијата за локална самоуправа; Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Со гласањето се заокружи третата пленарна седница на Собранието.