Српскиот парламент ја укина вонредната состојба.
За предлогот за укинување гласаа 155 пратеници, ниту еден против и само еден воздржан, јавува Н1 ТВ.
Пратениците изгласаа и закон за важење на уредбите кои биле донесени во текот на вонредната состојбата.
Поради епидемијата со новиот коронавирус, Србија ја воведе вонредната состојба на 15 март. Бидејќи парламентот тогаш не можеше да се состане, одлуката ја донесоа претседателот на државата, претседателката на парламентот и премиерката.
Подоцна, одлуката за воведување на вонредна состојба пратениците ја потврдија со гласање на 29 април.