Државите крајно внимателно и посветено треба да управуваат со транзицискиот период во олеснувањето на рестриктивните мерки воведени заради ковид-19, предупреди денеска генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тедрос наведе низа чекори потребни пред некоја земја да ги укине воведени мерки, како што се контрола на надзор и подготвеност на здравствениот систем.
„Ризикот од враќање на рестриктивни мерки останува многу реален ако државите не управуваат со транзицијата крајно внимателно и во фази“,
рече тој на брифинг во Женева.
Тедрос, исто така, рече дека не е возможно да се вратиме во вообичаените работи кога еднаш ќе биде запрена пандемијата и ја истакна потребата од инвестирање во здравствените системи.