„Голем број проектили беа пресретнати, а други паднаа на неколку локации во северен Израел. Поради тоа, избувнаа пожари во повеќе области. Деталите се во фаза на разгледување“, се вели во ажурираниот извештај на израелските одбранбени сили (ИДФ)
Околу 100 ракети утрово биле истрелани од Либан кон северен Израел, јавуваат светските медиуми повикувајќи се на извештаи на израелската војска.

Како што наведува „Гардијан“, станува збор за најголемиот поединечен напад преку сината линија на Обединетите нации (ОН) што ги раздвојува Либан и Израел од 7 октомври наваму.
Според израелските медиуми, досега не се пријавени жртви во нападот. Инаку, како што дополнително се наведува, првпат цел на напад бил градот Тиберија, кој се наоѓа на западниот брег на Галилејското Море.
„По сирените што пред малку се огласија во северниот дел на Израел, беа идентификувани околу 90 проектили кои преминаа од Либан. Голем број проектили беа пресретнати, а други паднаа на неколку локации во северен Израел. Поради тоа, избувнаа пожари во повеќе области. Деталите се во фаза на разгледување“,
се вели во ажурираниот извештај на израелските одбранбени сили (ИДФ).
Тврдењата за досега најголемиот ракетен бараж лансиран од територијата на Либан кон Израел од 7 октомври, според „Гардијан“, засега не се независно потврдени.
Израелскиот весник „Харец“ објави дека Хезболах ја презел одговорноста за нападот, во кој нема извештаи за евентуални жртви.
A video shared on social media shows rocket impacts near the Sea of Galilee in northern Israel amid the major barrage launched from Lebanon. pic.twitter.com/KkAG1eHt5X
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) June 12, 2024
Милитантната група Хезболах, која ја има поддршката од Иран, претходно соопшти дека нејзин висок командант вчера бил убиен во израелски напад врз јужен Либан.
Според групата, станува збор за Сами Абдалах, познат и како Абу Талеб.
Либански воен извор изјави дека Абдалах е најважниот член на Хезболах убиен од почетокот на војната во Појасот Газа меѓу Израел и палестинската група Хамас, пренесува АФП.
Според изворот, во нападот биле погоден градот Хуаја, кој се наоѓаа на 15 километри од границата со Израел, а во кој биле убиени уште три лица.
Нешто подоцна Хезболах објави дека е убиен уште еден нејзин припадник, кој извор близок до шиитското движење го идентификувал како Мохамед Хусен Сабр.
Хезболах, кој е сојузник на Хамас, речиси секојдневно разменува оган со израелските сили од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври, што ја предизвика ненајдениот напад на Хамас на јужен Израел.
Размената на оган меѓу Хезболах и израелските сили се интензивираше во последните денови, што предизвика повеќекратни пожари од двете страни на границата.