Безживотното тело на мажот било пронајдено утринава околу 6 часот. За настанот, како што информира директорот на затворот во Куманово, се известени обвинителството и судот
Во кумановскиот затвор утринава во својата притворска ќелија бил пронајден мртов мажот кој во септември лани со 40 убоди од нож усмрти 46-годишна жена од Кочани.

Информацијата за МИА ја потврдил директорот на затворот во Куманово, Ненад Цветковиќ.
Безживотното тело на мажот било пронајдено утринава околу 6 часот. За настанот, како што информира Цветковиќ, се известени јавното обвинителство и судот, а телото е дадено на обдукција.
Педесет и деветгодишникот со иницијали У.Р. беше осуден на доживотна казна затвор по стореното убиство.
Пресудата на Основниот суд во Кочани сè уште не е правослина бидејќи течат жалбените постапки.
