Претпријатието минатата година ја има завршено со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, што е за 100 отсто повеќе во однос на 2020 година, кога наплатата била 34 милиони евра. Во 2021 година по таа основа биле инкасирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра
За пет месеци од оваа година од наплата на патарини во земјава се собрани 1 454 587 856 денари или 23 651 835 евра. Во однос на истиот период минатата година сега има зголемување или повеќе остварен приход за 2 156 681 евро.
Износот на наплатените средства на патарините е различен и се движи од 155 827 545 денари на Романовце до 53 038 529 денари на Демир Капија.
Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека тенденцијата за зголемен остварен приход во 2024 година е константна, со пораст од 10,2 проценти за периодот јануари-мај годинава.
Вкупните приходи на ЈПДП од наплата на патарина за 2024 година се проектирани на износ од 4 400 000 000 денари.
Претпријатието минатата година ја има завршено со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, што е за 100 отсто повеќе во однос на 2020 година кога наплатата била 34 милиони евра. Во 2021 година по таа основа биле инкасирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра.
Податоците на ЈПДП покажуваат дека системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија, што е оперативен од крајот на јуни лани, досега има 1 864 корисници.
„Еден таг во двете држави го користат 1 864 корисници. Во периодот откако започна функционалната операбилност, секојдневно се користи и над 21 милион денари се наплатени од користење на српски тагови во Македонија“,
велат од ЈПДП во изјава за МИА.
Во однос на придобивките од проектот, како што оценуваат од ЈПДП, позитивниот ефект се гледа и на проширувањето на нова платформа „Тол фор ал“ (Toll4All) во кој ќе бидат вклучени и државите од регионот, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Грција.
На тој проект активно се работи, а од Претпријатието велат дека дополнително ќе има известување од моментот кога ќе се вклучат и другите држави.
Електронскиот систем за наплата на патарини во државава беше воведен во јули 2019 година. Последните податоци покажуваат дека трендот на користење на електронските уреди се движи по нагорна линија и веќе се искачи на 30 проценти, односно според ЈПДП граѓаните почнуваат да ги сфаќаат придобивките од брзо и ефикасно поминување на наплатните станици со „М-кард“ и „М-таг“. На наплатните станици на кои функционира електронската наплата, учество на електронските уреди се движи од 28 проценти до 40 проценти.
„Од почетокот на оваа година, за периодот јануари-мај, продадени се 7 501 М-картички и 5 983 М-таг уреди. За нивно надополнување во оваа година има вкупно 194 853 поединечни операции. Факт е дека тенденцијата на зголемување на учеството на електронски уреди во наплатата на патарина се зголемува константно“,
велат од ЈПДП.
Од 2019 година, пак, кога е воведена електронската наплата досега продадени се 177 688 М-картички и 27 088 М-таг уреди. Сепак, од ЈПДП велат дека 57 проценти од учесниците во сообраќајот се уште преферираат да плаќаат во готовина, а 12,23 проценти плаќаат со користење на платежни картички за наплатата.