Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 27 мај 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува Билал Касами, претседател на Движење Беса и еден од предводниците на коалицијата ВЛЕН
Лидерот на Беса и еден од предводниците на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, го прашуавме зошто во ВЛЕН не се заинтересирани за министерството за односи меѓу заедниците, познато како министерството на Артан Груби. Освен за распределбата на ресорите и другите функции во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, во интервјуто разговараме и за тоа дали е усогласена програмата за работа на новата влада и кои од предизборните заложби на ВЛЕН ќе бидат дел од неа. Тема се и уставните измени за внесување на Бугарите, како и повторното отворање на прашањето за името по одбивањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова усно да го користи уставното име – Република Северна Македонија и најавите дека ист пристап треба да се очекува од идната влада. Може ли влегување во ваква влада многу брзо да ја потроши ВЛЕН и потоа ДУИ да биде неизбежен партнер во идните влади?