Според прогнозата за УХМР, главно во северните и источните делови од земјава попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи
Денеска нè очекува претежно сончево и топло време. Ќе има мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер, главно од северозападен правец. Според прогнозата за УХМР, главно во северните и источните делови од земјава попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 7 до 14 Целзиусови степени, додека максималните ќе се достигнат од 18 до 29 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и умерен северозападен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од 10 до 27 степени.
Сончево време со локален пороен дожд во попладневните часови УХМР најавува и за утре.
