Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 20 мај 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува Мајк Зафировски – американски Македонец, менаџер познат во светски рамки и соосновач на „Македонија 2025“
Тема во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1 е како до забрзан развој на земјава и можни ли се стапки на економски раст од над 5 отсто. За соговорник го имаме Мајк Зафировски, Македонец, роден во Скопје, кој во 1969 г. на 15-годишна возраст се отселил во САД, а во меѓувреме стигнал до високи менаџерски позиции во големи мултинационални компании, меѓу другите – „Џенерал електрик“, „Боинг“, „Нортел“, „Моторола“… Во земјава деновиве престојуваше, пред сè, за да присуствува на самитот на „Македонија2025“, невладина организација основана од македонски иселеници, која сака да го помогне развојот на земјава. Зафировски го прашуваме и за тектонската политичка промена по изборите, како и за реакциите што стигнаа од Грција и од ЕУ откако новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова не го изговори уставното име при свечената изјава во Собранието, а слично однесување најавува и Христијан Мицкоски, кој најверојатно ќе биде идниот премиер.