Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме
Сончево и топло време со мала до умерена облачност најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 Целзиусови степени.
Попладне и кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

И во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.