Покрај издадената наредба за обдукција, како што соопштија денеска од републичкото Јавното обвинителство, се вршат разговори со семејството, а меѓудругото се проверува и медицинската историја на детето и на мајката. Се проведува и дали персоналот на болницата постапувал според протоколите и процедурите
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид издал повеќе наредби за прибирање докази кои треба да ги расветлат причините за смртта на седумесечното беше од Вевчани, кое рано утрово починало во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“.

Бебето вчера било донесено во болницата со повреди на главата и итно префрлено во операциона сала, но по неколку часа од хируршката интервенција починало на одделението за интензивна нега.
Покрај издадената наредба за обдукција, како што соопштија денеска од републичкото Јавното обвинителство, се вршат разговори со семејството, а меѓудругото се проверува и медицинската историја на детето и на мајката.
Се проведува и дали персоналот на болницата постапувал според протоколите и процедурите.
„Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката“,
се наведува во соопштението на Обвинителството.
Како што информираа претходно од охридската полиција седумесечното беше од Вевчани починало ноќеска околу 1 часот по полноќ, по извршен хируршки зафат, откако при приемот во болницата претходниот ден било констатирано дека има крвавење на мозокот.
Од Секторот за внатрешни работи Охрид информираа дека бебето било донесено в болница со модрица на главата, а според изјавата на неговата мајка, повредата настанала откако паднало од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.
„На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница ‘Св. Еразмо’ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крвавење, веднаш била извршена операција“,
се вели во информацијата од СВР Охрид.
