Од СВР Охрид информираат дека бебето било донесено в болница со модрица на главата, а според изјавата на неговата мајка, повредата настанала откако паднало од импровизиран кревет во семејниот дом на Вевчани
Седуммесечно бебе од Вевчани ноќеска околу 1 часот по полноќ починало во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, информираат од охридската полиција. Бебето починало по извршен хируршки зафат откако на приемот во болницата еден ден претходно било констатирано оти има крвавење на мозокот.

Од СВР Охрид информираат дека бебето било донесено в болница со модрица на главата, а според изјавата на неговата мајка, повредата настанала откако паднало од импровизиран кревет во семејниот дом на Вевчани.
„На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница ‘Св. Еразмо’ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното, било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крвавење, веднаш била извршена операција“,
информираат од СВР Охрид.
Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот, а по наредба на јавен обвинител телото на седуммесечното бебе ќе биде дадено на обдукција.
