Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 13 мај 2024 г. на МРТ 1, во кое гостуваат потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, и еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“, Африм Гаши
Во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 се фокусираме на почетокот на преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВЛЕН“ за формирање нова влада и на инаугурацијата на новата претседателка на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Во две одделни интервјуа разговараме со двајца директни учесници во овие настани – потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, и еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“, Африм Гаши. Тема се реакциите од Грција и од Европската Унија за изоставањето на уставното име од новоизбраната претседателка при давањето свечена изјава и дали и како тие (ќе) влијаат на преговорите за нова влада. Разговараме и за потенцијалната распределба на ресори и други функции во власта, како и за најавата на потенцијалниот премиер Христијан Мицкоски за заем по принципот „влада со влада“ од една милијарда евра.