Најголем дел од новозаразените, или вкупно 14, се во Скопје, а еден случај е пријавен во Крива Паланка. Новозаболените се на возраст од еден месец до 62 години, а најголем дел се лица до четири години

Вкупно 15 нови случаи на голема кашлица се регистрирани во земјава изминатава недела, во периодот од 3 до 9 мај, што е намалување од 31,8 отсто во споредба со минатата седмица.
Најголем дел од новозаразените, или вкупно 14, се во Скопје, а еден случај е пријавен во Крива Паланка. Новозаболените се на возраст од еден месец до 62 години, а најголем дел се лица до четири години.
Од новите 15 случаи, како што информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), шест се хоспитализирани.
Во однос на вакциналниот статус на заболените, две лица се комплетно вакцинирани, две се вакцинирани согласно возраста и 11 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.
Според ИЈЗ, заклучно со 9 мај, во земјава се регистрирани вкупно 553 нови случаи на голема кашлица со инциденца од 30,1/100 000 жители што претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.
