Специјалниот претставник на британскиот премиер задолжен за Западен Балкан во својата честитка порача дека Обединетото Кралство очекува зајакнување на долгогодишното партнерство помеѓу двете земји
Неколку дена по победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори во земјава, честитки пристигнаа и од специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан, Стјуарт Пич.
Во својата честитка тој вели дека очекува зајакнување на долгогодишното партнерство помеѓу С Македонија и Обединетото Кралство и продолжување на соработката во повеќе сектори.
„Обединетото Кралство очекува зајакнување на долгогодишното партнерство помеѓу нашите земји, унапредување на трговските односи и проширување на заедничката посветеност на безбедноста и соработката во рамките на колективната одбрана како дел од НАТО“,
се вели во честитката од Лорд Пич.
Претходно, честитки пристигнаа и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен како и од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.
На денот на изборите и денот потоа, честитки за победата на Силјановска-Давкова испратија и францускиот претседател Емануел Макрон, кој на социјалните мрежи ѝ го честита изборот на македонски јазик, претседателот на Украина, Володомир Зеленски, како и унгарскиот премиер Виктор Орбан, српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша.