Според податоците, од вкупниот број избирачи запишани во единствениот Избирачки список – 1 814 317 за избор на претседател до 18:30 часот, според обработени 90,55 отсто од избирачите, гласале вкупно 771 794 граѓани, што значи дека е надминат цензусот од 40 отсто (најмалку 725 727 гласачи) за изборите да бидат успешни
Излезеноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори до 18:30 часот надминува 46 отсто, според обработени 90,55 отсто од избирачите и 90,19 отсто од избирачките места, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нејзината веб-страница.
Според ДИК, од вкупниот број избирачи запишани во единствениот Избирачки список – 1 814 317 за избор на претседател до 18:30 часот, според обработени 90,55 отсто од избирачите, гласале вкупно 771 794 граѓани, што значи дека е надминат цензусот од 40 отсто (најмалку 725 727 гласачи) за да бидат успешни изборите.
На парламентарните избори, до 18:30 часот, од обработени вкупно 91,89 отсто од избирачите и 91,77 отсто од избирачките места гласале 889 362 граѓани или 53,32 отсто.
Најголема излезеност имало во изборната единица 1 – 59,35 отсто, а најмала во изборната единица 6 каде на гласање излегле 40,4 отсто од гласачите.