„Се радуваме што денес пропадна едно сценарио, еден обид да се создаде легитимациска криза во државата, да не се избере претседател на држава. Се радуваме што е постигнат цензусот. Се радуваме што е сосема извесно дека Гордана Силјановска-Давкова е нов претседател на Република Македонија. Очекуваме одличен резултат. Очекуваме резултат којшто ќе биде подобар од првиот круг на претседателските избори. Очекуваме уште вечерва да биде јасна сликата каква ќе биде идната влада“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Сакам да му честитам на целиот македонски народ. Македонија ќе има нов претседател. Цензусот е постигнат. Отворениот повик за бојкот од страна на ДУИ не успеа.
Ова вечерва веднаш по затворањето на гласачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на вториот круг на претседателските избори и на парламентарните избори на прес-конференција го изјави Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој посочи дека елитите на власта се поразени од народот, а денешниот ден на површина ги извадил сите игри на власта.

„Се обвистинува сценариото на кое предупредувавме дека ДИУ посакува криза и дека преку бојкот на претседателските избори сака да се факторизира. ДУИ изгуби дупло. Бојкотот не им е успешен. Сосема е извесно дека ДУИ оди во опозиција“,
рече Муцунски.
Според него, денешниот изборен ден поминал во генерално мирна атмосфера, но дека се забележани поединечни нерегуларности кои, како што додаде, треба да бидат расветлени во наредниот период.
„Неколку функционери на владејачката партија се фатени во илегални активности, како го нарушуваат избирачкото право правејќи поткуп и притисоци кои само го покажаа недемократскиот карактер на власта. Институциите мора да бидат на ниво на задача и да се постигне правдата за сите овие случаи“,
вели тој.
На крајот од излагањето Муцунски рече дека сака да изрази благодарност за огромната доверба и благодарност што денес се случил народ, а како што додаде, народот испратил порака дека е време за ново поглавје.
„Се радуваме што денес пропадна едно сценарио, еден обид да се создаде легитимациска криза во државата, да не се избере претседател на држава. Се радуваме што е постигнат цензусот. Се радуваме што е сосема извесно дека Гордана Силјановска-Давкова е нов претседател на Република Македонија. Очекуваме одличен резултат.
рече Муцунски.
Очекуваме резултат кој што ќе биде подобар од првиот круг на претседателските избори. Очекуваме уште вечерва да биде јасна сликата каква ќе биде идната Влада на Република Македонија“,
Според него, станува се поизвесно дека ДУИ заминува во опозиција, но очекува и дека ќе има и резултат кој ќе го отслика опозициското расположение во државата.
„ДУИ не е дел од опозицијата, туку дел од една најкриминална власт, која официјално од вечерва станува минато“,
вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.