Утрешното затворање на булеварот АСНОМ е поради одбележување на Денот на полицијата
Поради одбележување на 7 Мај – Денот на полицијата, во дел од Скопје утре ќе важи посебен режим на сообраќај.

Затворен за сообраќај, како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), од 8 до 18 часот утре ќе биде булеварот АСНОМ во скопско Ново Лисиче. Булеварот ќе биде затворен на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до крстосницата со булеварот „Февруарски поход“.
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
