Според ЦУК, не се знае колку време кучето било во шахтата, но како што велат веднаш по вадењето, тоа веднаш било згрижено од страна на активистите
Куче паднало во шахта во скопски Карпош, ги изгризало оптичките кабли, со што без интернет останале жителите на тој реон, но и вработените во поликлиниката „Букурешт“.
За овој настан вечерва извести Центарот за управување со кризи (ЦУК), откако нивните екипи постапиле по пријава на телефонскиот број 112.

„Вработените од ‘Телеком‘, по пријава дека нема интернет во тој реон, откако го лоцирале и пронашле проблемот за прекин на оптичкиот интернет, не се осмелувале да слезат во шахтата, каде што било и кучето. Околу 15 часот се јавиле на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дежурните од Секторот Е-112 и секторот СОК во ЦУК, бидејќи бил неработен ден не можеле да стапат со ЈП ‘Лајка‘ од Скопје, па, покрај предвидените оперативни процедури, го премостиле проблемот“,
се вели во сооштението од ЦУК.

Екипите на ЦУК ги контактирале активистите на граѓанска иницијатива „Кане Корзо“ и ги поврзале со вработените од Телеком за, како што велат, понатамошна заедничка постапка.
Откако било успешно завршена акцијата за вадење на кучето од шахтата, биле направено и отстранување на дефектот со интернетот.
Според ЦУК, не се знае колку време кучето било во шахтата, но како што велат веднаш по вадењето, тоа веднаш било згрижено од страна на активистите.
