„Во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев. А, сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”, порачал носителот на Левица во ИЕ 2, Амар Мециновиќ
На Христијан Мицкоски му честитаа Арбен Таравари и Билал Касами за резултатите од првиот круг и порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве, ние честитаме и повикуваме да не ги донесеме уставните измени затоа што тоа е волјата на народот. Ова е пораката што денеска ја испратил Амар Мециновиќ, портпарол на Левица и носител на пратеничката листа на оваа партија во втората изборна единица.

„Ние во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев. А сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”,
порачал носителот на ИЕ 2, Мециновиќ.
Порачал оти Левица ги следи проблемите и желбите на граѓаните, меѓу кои и онаа за невнесување на Бугарите во Уставот и додал оти партиската програма нуди конкретни решенија за најгорливите проблеми на граѓаните.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека идната владина коалиција ќе ја предводи неговата партија, а во неа ќе биде и коалицијата „Вреди“.
Една од црвените линии, односно условите кои оваа коалиција ги има за учество во идната влада, како што досега повеќепати повторија нејзините претставници, е усвојување на уставните измени.