„Не можам да поверувам дека универзитетски професор, 23 години по Рамковсниот договор го оспорува договорот кој прво ни донесе мир, а потоа ги постави основите на мултиетничка држава и општество, договор заради кој не примија во НАТО и заради кој преговараме за влез во ЕУ со перспектива за неколку години да станеме членка. Мојата порака до нив е немојте да си играте со судбината на Македонија. Тие договори се во основата на безбедноста на државата“, рече кандидатот за втор мандат поддржан од СДСМ
Денеска ја чув и најновата иновација на главната противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ која спомнува дека времето на овој Устав поминало и вели дека особено во делот на односите меѓуетничките заедници дека тоа биле транзициони решенија и дека треба да ги менуваме.
Ова вечерва од Битола на завршниот митинг од кампањата за претседателските избори го порача актуелниот претседател и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски, кој испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседателка и рече да не си играат со судбината на Македонија.

„Не можам да поверувам дека универзитетски професор, 23 години по Рамковниот договор го оспорува договорот кој прво ни донесе мир, а потоа ги постави основите на мултиетничка држава и општество, договор заради кој не примија во НАТО и заради кој преговараме за влез во ЕУ со перспектива за неколку години да станеме членка. Мојата порака до нив е немојте да си играте со судбината на Македонија. Тие договори се во основата на безбедноста на државата. Не ги чепкајте договорите врз која основа постоиме и добро се согласуваме. Не ги чепкајте системските договори. Така ја носите Македонија во опасна зона“,
рече Пендаровски.
Според него, поминало времето на режимот и не смееме да дозволиме да се инсталира, како што рече, режим 2.0.
„Газда во оваа држава се македонските граѓани, а не 4 или 5 души во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Се е исто во таа партија, од полиитчка до кадровска понуда. Само еден човек нема. Само Груевски го нема. Сите други се тие што беа во период од 2006 до 2017 година. Кога имаше две категории на граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ и сите други“,
рече тој.