Британскиот премиер Борис Џонсон раскажа за своето искуство додека во болница се лекувал од ковид-19. Тој вели дека лекарите се подготвувале да прогласат негова смрт кога му се влошила состојбата додека минатиот месец на интензивна нега се бореше против коронавирусот.
„Беше тежок момент, нема да одречам. Бев свесен дека се подготвува план за непредвидена ситуација. Тие имаа стратегија да одговорат на смртта по ’сталинистичко сценарио‘. Добивав литри и литри кислород за да преживеам“,
рече Џонсон во интервјуто за британски Сан.
Тој вели дека конечно се соочил со реалноста кога здравствената состојба му се влошила и бил префрлен на интензивна нега.
Британскиот премиер додаде дека резултатите од анализите на крвта „постојано се движеле во погрешна насока“ и тогаш сфатил дека нема лек за ковид-19.
Додека бил под надзор на лекарите во болницата „Ст. Томас“, постојано си го поставувал прашањето „како ќе се извлечам од ова?“.
„Се чувствував фрустрирано. Не можев да разберам зошто не ми се подобрува состојбата“,
вели Џонсон.
Тој во понеделникот им се врати на работните обврски, еден месец откако беше утврдено дека е позитивен на новиот коронавирус.