Генералниот секретар на Алијансата смета и дека нападите на Киев врз воени објекти на територијата на Русија се „самоодбрана“
Oдложувањето на испораката на западна муниција во Киев ќе ѝ овозможи на Русија да ја продолжи офанзивата во Украина, смета генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Според него, испораката на оружје за Украина треба да биде задолжителна, а не доброволна. На оваа тема, членките на Алијансата ќе разговараат на самитот во САД во јули.
„Ситуацијата на бојното поле станува се посложена. Доцнењето на финансирањето има секојдневни негативни последици на теренот, доцнењето во испораката на противвоздушната одбрана ќе им овозможи на руските ракети да погодат повеќе цели, а доцнењето во испораката на муниција ќе ѝ овозможи на Русија да започне офанзива по целата линија на фронтот. Земјите од НАТО треба да ѝ пружат воена поддршка на Украина“,
рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел.
Генералниот секретар на Алијансата смета и дека нападите на Киев врз воени објекти на територијата на Русија се „самоодбрана“.
„Нема да коментирам конкретни цели кои Украина не треба да ги таргетира… Само ќе кажам дека (можните напади на воени објекти на територијата на Русија) се дел од самоодбраната. Сите воени објекти се легитимни цели, бидејќи Русија користи толку различни воени средства за напади врз Украина“,
рече Столтенберг.
Столтенберг повтори дека НАТО „не гледа директна закана од напад на Русија“.
