Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во ИЕ 4, Александар Николоски, се емитува вечерва (1 април 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Зошто ВМРО-ДПМНЕ реши да настапи со речиси идентична кадровска понуда како на изборите во 2020 година – дали станува збор за „една од најдобрите пратенички групи што некогаш ја имала некоја партија“ или за „криза на политичката понуда“, е едно од прашањата до Александар Николоски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Разговараме и за тоа дали има причина за „бегство од родниот крај“, со оглед на тоа што Николоски е единствениот меѓу носителите на ВМРО-ДПМНЕ што не потекнува или не живее во изборниот регион во кој ќе ја предводи листата. Можниот исход од изборите, варијантите за формирање влада потоа, (не)важноста на темата за уставните измени, се исто така меѓу темите во интервјуто. Николоски го прашуваме и што точно пишува во изборната програма „Платформа 1198“ на темата – уставни измени, односи со Бугарија и преговори со ЕУ. А и каде се гледа себеси ако ВМРО-ДПМНЕ е дел од идната власт.
Емисијата се емитува од 20:15 ч. на МРТ 1.