„Бројот на пратеници ги одредува народот, гласачите, а не политичките партии. А ние сме се договориле во оваа коалиција, АА да ја зачува парламентараната група во Собранието. Но, како резултат на гласањата од гласачите, овие бројки може и да се зголемат. Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите. Од друга страна АА ќе има минимум парламентарна група“, рече Села по седницата

Крилото на Алијанса за Албанците (АА) предводено од Зијадин Села на претстојните избори ќе се приклучи на „Европскиот фронт“ предводен од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Одлуката, како што изјави Села, била донесена на денешната седница на Централното собрание на партијата и за неа гласале мнозинството од делегатите. За ваквата одлука воздржано гласале четворица делегати, а еден бил против ова крило од АА да биде дел од Европскиот фронт.
„Завршивме со седницата на Централното собрание на АА. Одлучувавме за понудата од страна на Европскиот фронт, јас веќе ги објаснив позициите на АА – делегатите едногласно одлучија, еден беше против, и четворица возржани за АА да биде дел од Европскиот фронт, дел од одговорностите што треба да ги преземеме, за да нашата иднина биде уште подобра“,
рече Села по седницата.
Села вели дека АА ќе ја зачува парламентараната група во Собранието, а очекува овие бројки и да се зголемат.
„Бројот на пратеници ги одредува народот, гласачите, а не политичките партии. А ние сме се договориле во оваа коалиција, АА да ја зачува парламентараната група во Собранието. Но, како резултат на гласањата од гласачите, овие бројки може и да се зголемат. Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите. Од друга страна АА ќе има минимум парламентарна група“,
додаде Села.
На денешната седница на Централното собрание била донесена одлука за шеф на Изборниот штаб да биде Тирон Јајага, заменик-министерот за одбрана.
Од крилото на Села велат дека тој ќе ја преводи листата на оваа коалиција во петтата изборна единица.
Села пред седницата посочи дека Алијансата за Албанците била доведена во ситуација денеска да одлучува или да биде дел од некоја коалиција или да ги бојкотира изборите бидејќи, имајќи ги во предвид, како што наведе, проблемите кои им се случија во врска со печатот на партијата и спорот во судот, бидејќи роковите за да одат со независни листи се веќе поминати. Доколку и ги добијат печатите на партијата овие денови, Села, вели, најмалку осум дена треба да поминат се додека стане правосилна таа одлука.
Во Европскиот фронт, коалицијата предводена од ДУИ изминатите денови веќе пристапија ДПА на Мендух Тачи, Европската бдемократска партија на Аријанит Хоџа, Демократската партија на Турција, Народното двбижење на Скендер Реџепи Зејд и денеска Унија на Ромите.
Лидерот на ДУИ, кога го доби првиот потпис за „Европскиот фронт“, рече дека С Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија затоа што не само земјава, туку и регионот има потреба од повеќе мир, поголема стабилност и подобра иднина. Работите што се случуваат околу нас и далеку од нас, а кои не одат во прилог и се во спротивност со ваквата агенда, Ахмети рече дека имаат едно име – Русија.
Расколот во АА настана кога лидерот на партијата Арбен Таравари објави дека Алијанса за Албанците на претстојните парламентарни избори ќе настапи заедно со опозицискиот блок на Албанците во земјава, односно со Беса, Алтернатива и Демократско движење. Села, пак, возврати дека партијата не е консултирана и дека тие ќе одат на избори самостојно. Двете крила потоа одржаа посебни конгреси. На конгресот на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Таравари, тој беше реизбран за претседател на партијата. На конгресот на крилото на Села, што се одржа неколку дена подоцна, Таравари беше разрешен од претседателската функција, а Села избран за претседател на партијата.