„Имам фотографии од фејсбук-статуси. Се обратив и до Комисијата за заразни болести, заедно да направиме механизам, да се преземе одговорноста, да ги поттикнеме и механизмите во Комората. Во однос на тоа колку доктори се настроени притив вакцинацијата, имам прочитано објава на една колешка, а имам и за уште една. Фејсбукот е сива зона. Затоа мора да се обидеме да најдеме начин да ги мотивираме пациентите да се пријават ако некој лекар им каже дека вакцинирањето не е добро“, вели претседателката на Лекарската комора
Потребно е да се донесат законски измени за казнување на луѓето кои поттикнуваат кампањи против вакцинација. Ова денеска го изјави министерот за здравство Илир Демири, кој јавно се обврза дека ќе преземе мерки да се утврди како е основано Здружението на антиваксери и по кој законски принцип тоа функционира. Според него, секоја изјава во медиумите треба да се проследи и, како што вели, да се види точно кој стои зад антиваксерските кампањи.

„Не знам каква е можноста законски да се атакираат тие, но ако има потреба, ќе влијаеме и на промена или додавање на законски нормативи со кои ќе бидат казнети сите луѓе кои поттикнуваат некаква кампања против вакцинацијата“,
рече тој.
Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, пак, рече дека социјалните мрежи се сива зона во која неконтролирано се шират дезинформации против вакцините и вакцинирањето.
„Фејсбукот е сива зона за објави кои не може да се контролираат. Тоа е сериозен проблем на ниво на сите земји во Европа. Но, секоја пријава е нешто што треба да го го проследиме до нашите органи и во системот на контрола на Лекарската комора. Тоа е она што уште пред 13 години излезе со еден лажен труд дека вакцините предизвикуваат аутизам“,
рече Гривчева-Старделова.
Според неа, недоволно информираните пациенти се одговорност на лакерите, кои треба да ги уверат дека вакцините се безбедни. Вели дека во Лекарската комора не се пријавени доктори „антиваксери“.
„Имам фотографии од фејсбук-статуси. Се обратив и до Комисијата за заразни болести, заедно да направиме механизам, да се преземе одговорноста, да ги поттикнеме и механизмите во Комората. Во однос на тоа колку доктори се настроени против вакцинацијата, имам прочитано објава на една колешка, а имам и за уште една. Фејсбукот е сива зона. Затоа мора да се обидеме да најдеме начин да ги мотивираме пациентите да се пријават ако некој лекар им каже дека вакцинирањето не е добро“,
рече таа.
Министерот Демири посочи дека Државниот санитарен инспекторат врши контроли во сите центри за вакцинација, не само на територијата на Скопје.