„Договорот за набавка на хеликоптери е резултат на повеќегодишна напорна работа на Интегрираниот проектен тим на експерти која заврши сега и можеме да продолжиме со реализација на набавката. ВМРО ДПМНЕ треба да ја поздрави оваа информација, бидејќи со набавката на хеликоптерите се подигнува борбената готовност на Армијата и се модернизира воздухопловната компонента“, рече министерската за одбрана
Влијанијата на Русија се спроведуваат преку хибридни закани, преку дезинформации, поткопување на довербата во институции. Задача за сите нас е на институциите, но и да медиумите, на јавноста е да не дозволиме тие закани, тоа сеење на збунувачки информации и невистини да ја постигне својата цел. Решимот на Путин ја прави Русија да не биде пријателска земја, ниту на Македонија, ниту ан земјите од Западен Балкан, зашто нив ги интересира попречување на европската интеграција на нашата земја, но и на земјите од овој регион. Ова го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговарајќи за безбедносната состојба на земјата, но и за актуелни прашања кои изминатиот период се во фокусот на јавноста, како набавката на хелихоптерите од Италија, на која остро се противат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Договорот за набавка на хеликоптери е резултат на повеќегодишна напорна работа на Интегрираниот проектен тим на експерти која заврши сега и можеме да продолжиме со реализација на набавката. ВМРО ДПМНЕ треба да ја поздрави оваа информација, бидејќи со набавката на хеликоптерите се подигнува борбената готовност на Армијата и се модернизира воздухопловната компонента. Значи експертите од воздухопловниот ВИНГ на Армијата ја предложија набавката на повеќенаменските хеликоптери и Владата даде поддршка за склучување на Договорот со Владата на Италија,“
вели таа.
Според Петровска, граѓаните можат да се чувствуваат апсолутно сигурни и безбедни бидејќи конечно државата вложува во Армијата.
„Вкупниот буџет е неколкукратно зголемен и изнесува 2,05 отсто од БДП. Набавуваме оклопни возила JLTV од последната генерација, од кои 32 се веќе пристигнати и се дел од арсеналот на Армијата. Набавуваме и оклопни воизла Stryker, системи за противвоздушна одбрана Мистрал од Франција, како и артилериски системи од сојузничка Турција. Со набавката на новите хеликоптери, го обновуваме воздухопловниот винг, а дотогаш преку потпишаната рамковна спогодба со Чешка за резервни делови за постојните хеликоптери, флотата која во моментов ја имаме ќе биде целосно оперативна,“
рече Петровска.
Петровска во интервју за Дневникот на ТВ Сител рече дека досега до Министерството не е пристигнат писмен допис од Државната комисија за спречување на корупцијата поврзан со набавката на хелихоптерите. Таа повторно ја поздрави одлуката на ДКСК да отворат предмет при што, како што рече, ќе можат да ги согледаат сите информации.
Во однос на цената на чинење и начинот на избор на понудата, министерката појасни дека таа се однесува на целосната платформа која го вклучува хеликоптерот и дополнителната опрема која што овозможува пилотите успешно да ги извршуваат своите мисии, цели и задачи.
Министерката за одбрана Петровска рече дека гарантира оти во нејзиниот делокруг на работа, апсолутно нема корупција и дека има потполна доверба во сите останати чинители вклучени во процесот на набавка.
„За овој предмет, она што е мој делокруг на надлежност можам да гарантирам дека апсолутно нема корупција. Верувам во препораката на ИПТ тимот, Управната група на МО, Владата, Собранието, односно Комисијата за одбрана и безбедност, каде вклучително и опозицијата преку својот претставник застанаа зад овој проект“,
вели таа.
Владата на седница одржана на 12 март соопшти дека Министерството за одбрана ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република.
