Зеленски ги демантираше гласините дека официјално му било предложено на Киев да отстапи дел од територијата во замена за членство во ЕУ и НАТО и ги нарече шпекулации
Не е веродостојно тврдењето на поранешниот американски лидер Доналд Трамп дека доколку се врати на власт би го завршил конфликтот во Украина за еден или два дена. Ова го изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју дадено за „Фокс њуз“, одговорајќи на прашањето дали верува дека Трамп би можел да ја сопре војната. Зеленски рече дека не може да разбере како Трамп ќе постигне такво нешто и повторно му порача да ја посети Украина, за да лично види и се увери што точно се случува на терен.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека не сака да склучува нови договори, слични на Минск. Тој, исто така, ја отфрли идејата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека конфликтот во Украина може да се реши за ден или два.
„Не сакаме да ги повториме договорите од Минск. Не веруваме во нови замрзнати конфликти. Станува збор за безбедноста на Украина“,
вели тој.
Според Зеленски, Путин нема да ја сопре војната.
So…Tucker interviews Putin and then Fox News interviews Zelensky? Lol ?
— 1776 (@TheWakeninq) February 23, 2024
Interesting zelensky interview probably will get 100k views, while putin interview get 206 million views.
Zelenskyy doesn't look like hes missed a meal in years. pic.twitter.com/Vy19oif3c3
Договорот од Минск значеше примирје помеѓу Украина и Русија, по руското анектирање на Крим и тензиите во источниот дел на Украина во 2014 година.
Зеленски ги демантираше гласините дека официјално му било предложено на Киев да отстапи дел од територијата во замена за членство во ЕУ и НАТО и ги нарече шпекулации.
„Немало такви официјални предлози“,
рече тој.
Според него, на вооружените сили на Украина им недостига муниција, а Русија има предност во воздушните сили. Сепак, не признае дека Украина е во безизлезна ситуација и повторно побара од Западот да и достави на Украина оружје со долг дострел.
Украинскиот претседател посочи дека подготвува нова нова контраофанзива на Русија, која, како што посочи ќе биде полна со изненадувања.
Зеленски вели дека е убеден оти поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да го реши конфликтот во Украина за ден или два, како што самиот најавил.
„Не можам да разберам како е тоа можно. Трамп нема да може да го реши овој проблем, оваа трагедија“,
рече Зеленски.
Тој повторно го покани Трамп во Украина.
„Нека дојде, ќе му објаснам се. Можеби има и некои свои иде. Подготвен сум да одам со него и да му го покажам фронтот. Мислам дека потоа ќе го смени ставот“,
вели украинскиот претседател.
Досега тој неколку пати го имаше покането Трамп во Украина, но поранешниот американски претседател постојано ја игнорираше неговата покана.
Трамп во ноември минатата година соопшти дека го почитува Зеленски, но дека таквата посета во овој момент би била „несоодветна“.
„Имам најголема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент“,
рече Трамп.
Трамп повеќепати нагласи дека во случај на победа на претседателските избори во САД ќе го реши конфликтот во Украина за ден или два.