Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска одржаа онлајн состанок на кој, меѓудругото се разговараше за постепеното отворање на внатрешните и на надворешните граници на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европските министри оцениле дека „границите би можеле да бидат постепено отворени почнувајќи од регионите каде е регистриран пад на случаи на ковид-19“.
Министрите, како и Европската Комисија, инсистираат дека секое укинување на рестрикциите за патување мора да се носат на координиран начин, посебно помеѓу соседни земји.
Сепак, рокови за отворањето на границите засега не се поставени.
Тие најавија дека ќе продолжат да дискутираат интензивно на оваа тема во наредните денови, а одлуките ќе зависат од проценките на епидемиолозите околу развојот и ширењето на ковид-19.