Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (8 февруари 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– Предлогот да се откажат од привилегираниот статус во предизборното рекламирање и од негово покривање со пари од државниот буџет, тешко поминува кај најголемите партии;
– Како никотинските кесички наречени „снус“, за кои институциите тврдат дека речиси една година не издаваат дозволи за увоз, ги има во малопродажба;
– Кој е виновен што продолжува сообраќајниот неред во Тетово – локалната власт на чело со Билал Касами или полицијата;
– На локациите на старите рудници да се постават фотоволтаични и ветерни централи – така ќе го заштитиме земјоделското земјиште, велат од „Еко-свест“;
– Како го коментира тоа што оние што ги поддржуваат уставните измени (СДСМ и ДУИ) потфрлија во борбата против корупција, а оние што претендираат да ги заменат (ВМРО-ДПМНЕ) се против уставни измени – прашање во интервјуто со пратеникот во Бундестагот, Јосип Јуратовиќ;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.