Собранискиот спикер Талат Џафери останува на ставот дека нема можност за свикување на Собранието.
„Нема можност за свикување на распуштениот парламентарен состав. Собранието може да се врати само по следните избори“,
изјави Џафери во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, а пренесе МИА.
*Поврзана вест: Милошоски смета дека Собранието не може да заседава, Груби бара изјаснување од Уставен суд
Според Џафери, секој друг начин за свикување на Собранието, освен по избори, е обид за пуч. Тој вели дека врз него се вршел притисок за повторно заседавање на парламентот, но, како што нагласува, „со Собранието е веќе завршено“.
„На 16-ти февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. Собранието ќе се собере по наредните избори, вели собранискиот спикер, коментирајќи ја иницијативата за повторно свикување на законодавниот дом“,
вели Џафери.